Денеска (среда, 28 мај 2014 година, во 20:00 часот, во Кинотеката на Македонија,ќе биде прикажан филмот „Емотивни судбини “ (2000 год.), на режисерот Оливје Асајас. Главните улоги ги толкуваат Емануел Беар, Изабел Ипер, Шарл Берлен.
Францускиот дневник Ле Монд го окарактеризира филмот „Емотивни судбини“ како „тричасовен краткометражен фим, кој е изблик на нежност“, или пак филмската критика на „Леберасјон“ како „лебедова песна, сублимат од филмски расказ“, додека Ле Паризјен вели дека „емотивните човечки судбини, во ремек делото на Асајас, се на границата помеѓу голема театарска претстава и интимен миг“.
Филмот се прикажува во рамките на редовниот француски кино-клуб што кинотека го организира во соработка со Францускиот институт во Скопје.