„Буре барут“ в сабота во Прилепскиот театар

В сабота (3 мај) во 20:00 часот на сцената на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе биде изведена „Буре барут“ од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска.

bure_barut_nt_prilep_plakat

Во претставата играат Игор Трпче, Димитар Ѓорѓевски, Даниела Иваноска, Владимир Ѓорѓијоски, Александар Степанулески, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова, Марјан Чакмакоски, Катерина Чакмакоска, Наташа Наумоска, Илија Волчески, Марија С. Илијеска, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.

Музиката во претставата е на групата Мизар, костимограф е Александар Ношпал, сценографијата и видео дизајнот е на Емил Петров, а гостин музичар е Методија Костоски.

You May Also Like