Вечерва, (вторник, 13.12.2011 година) со почеток во 19:00 часот во Малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе се одржи премиерна проекција на документарното видео за Јордан Цаневски, доајен на традицијата на дувачки оркестри во Македонија и долгогодишен тон мајстор во Македонското Радио.
Документарниот филм го изработија студентите од Одделот по сонологија и мултимедија на Факултетот за музичка уметност – Скопје предводени од проф. д-р Димитрије Бужаровски и доц. д-р Трена Јорданоска.
Ова документарно видео е дел од циклусот „Средби“ во кој досега беа претставени композиторите Љубомир Бранџолица и Александар Џамбазов и виолинистот и педагог Зоран Димитровски.