„Нова Македонија“ ќе ги додели наградите на годинашните добитници на Конкурсот за краток расказ. Настанот ќе се одржи на 29-ти октомври (понеделник), на денот на излегувањето на првиот број на весникот, во 11:00 часот, во кафулето „Капри“ кај Млечен ресторан.
На доделата на наградите ќе се обратат членовите на жирито: Блаже Миневски (претседател), Весна Мојсова Чепишевска и Жарко Кујунџиски (членови), наградените автори, како и претставници од „Нова Македонија“. Наградените раскази редакцијата ќе ги објавува во прилогот за култура „Лик“ што излегува секоја среда.