Балетот „Дон Кихот“ на сцената на МОБ

На 13 мај (понедленик) со почеток во 20:00 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведен балетот „Дон Кихот“ од Л.Минкус.Изведбата е во рамките на Мајските оперски вечери 2013.

…Волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Балетско дело во комплетна продукција на МОБ. Поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот Don Q pass de deux , кој дава акцент на целата претстава…

Диригент на претставата ќе биде Алексеј Баклан од Украина, кореограф Викто јаременко од Украина, сценографија Андреј Злобин од Украина, костими на Гана Ипатиева од Украина и концерт мајстор Верица Ламбевска.

Во улогата на Китри ќе настапи солистката Аријане Лафита од Куба, како Базил ќе го видиме гостинот од Италија солистот Виторио Галоро, улична танчарка првенката Марија Кичевска и во улогата на Тореадор првенецот Бобан Ковачевски.

You May Also Like