Атрактивната Kids Dino Dig поставка уште само еден ден во Skopje City Mall.
”Ние сме навистина задоволни од интересот кај граѓаните за овој проект и бројот на деца кои беа дел од Kids Dino Dig авантурата. Сигурно научија многу работи за огромните праисториски суштества и веруваме дека Скопје Сити Мол ќе го запаметат како место кое им овозможило да стекнат нови знаења. За сите пак, кои сеуште не ги виделе големите диносауруси, останува уште само еден ден да го сторат тоа па затоа ги повикуваме сите заинтересирани да дојдат и да ја погледнат атракцијата наречена Kids Dino Dig, изјавија од менаџментот на Скопје Сити Мол.”
Огромните диносауруси, за жал, ја напуштаат Македонија. Атракцијата која изминатиот месец беше незаменлив дел од ентериерот на Скопје Сити Мол, ќе биде достапна до Среда(02.07.2014) до кога и сите деца ќе можат да се сликаат со нив и да бидат дел од палеонтолошката авантура низ молот.
Изминатиот месец огромен број деца беа дел од активностите кои Kids Dino Dig ги нуди, како ископување на фосилни остатоци, прошетка и едукација за настанокот, постоењето и исчезнувањето на диносаурусите како и карактеристики на секој вид диносаурус поединечно.
Комплетната тура и ископувањата на фосили се бесплатни. Децата кои ќе учествуваат во активностите поврзани со „Кидс Дино Диг” треба да се на возраст меѓу 5 и 12 години.