Денес Шекспировиот театар Глоуб пристигна во Скопје како гостин на МНТ – ФЕСТ.
Вечерва во Македонски народен театар се одржа официјален прием на Шекспировиот театар „Глоуб” од Лондон, а на средбата присуствуваа актерите на МНТ и членовите на театарот Глоуб.
Утре (5 јуни) во 12 часот (во фоајето на МНТ) ќе се одржи разговор со актерскиот ансамбл на Шекспировиот театар на тема Процесот на работа во Глоб и создавањето на претставата „Хамлет“.
Шекспировиот театар „Глоуб“ ќе има две изведби на претставата „Хамлет“.
Билетите за изведбата на „Хамлет“ на 5 јуни со почеток во 20 часот се распродадени, но билети можат да се набават за попладневниот термин во 16 часот.
НАГРАДА
Театарот на Шекспир „Глоуб” од Лондон ќе ја добие наградата за исклучителни достигнувања во областа на театарот, која ја доделува Македонскиот народен театар на првиот меѓународен театарски фестивал МНТ- ФЕСТ. Наградата ја симболизира театарската традиција на македонската почва и ќе се доделува секоја година.
Наградата ќе биде врачена пред почетокот на претставата „Хамлет“ од 20 часот кога ќе биде и свеченото затварање на првото издание на МНТ – ФЕСТ.