Продолжува традицијата за „Појадок на мост 2012“

Манифестацијата „Појадок на мост 2012“, годинава, ќе се одржи на 23 септември 2012 година (недела), на Камениот мост во Скопје.

Целта на Манифестацијата „Појадок на мост“, пред се е граѓаните на Скопје, да се дружат на еден поинаков необичен начин. Самиот факт дека Манифестацијата се одржува по трети пат е показател дека таа преминува во традиција и белег на градот Скопје.

Влезот за присуство на Манифестацијата, како и секоја година, така и оваа е бесплатен, но само со однапред обезбедени влезници, за коишто граѓаните на Скопје ќе треба да се пријават на пунктот поставен пред градската кафеана Пелистер на Плоштадот Македонија. Граѓаните за бесплатните влезници ќе треба да се пријават со лична карта или друг документ за лична идентификација, за што ќе добијат по еден купон.

Пријавување на сите заинтересирани за учество во Манифестацијата ќе се врши од утре , 15.09 (сабота) до 20.09.2012 година (четврток), во период од 10 до 15 часот. Поради комплексноста на просторот каде што ќе се одржува Манифестацијата „Појадок на Мост“, бројот на влезниците е ограничен и изнесува околу 2000 влезници.

Камениот мост ќе биде затворен за пешаци од 22.09.2012 во 19 часот до 15 часот на денот на одржување на Манифестацијата на 23.09.2012г.

Реализатор на проектот е СУГС „Лазар Танев“ – Скопје, а храната ќе биде однапред подготвена во специјални кутии (околу 2 200 пакетчиња), за музичкиот дел од Манифестацијата, задолжени ќе бидат и уличните свирачи.

Манифестацијата ПОЈАДОК НА МОСТ ќе се реализира трета година по ред, а  локацијата, Камениот мост, е избрана, зашто овој мост е симбол на градот Скопје.

Организатор и на годинешната Манифестација е Градот Скопје, Секторот за Локален економски развој на Град Скопје и Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.

You May Also Like