Членовите на театарската група Словенечки центар, Скопје, оваа година се учесници на 10. Детски фестивал на театарски соништа, кој е во организација на Пионерскиот дом од Љубљана, Словенија.
На овој јубилеен, десетти театарски фестивал Словенечкиот центар, Скопје настапи со претставата “Чудесен лотос”, денес (петок, 13.04.2012), во театарската сала на СМГ, „Вилхарјева цеста“ бр. 11, Љубаана.
Автор на претставата е Тања Ткауц, режија Наталија Теодосиевска, ментори се Плиска Гугуловска – наставник во дополнителна настава по словенечки јазик и култура, Скопје, Сашо Стојковски – Претседател на Словенечки центар, Скопје, Олга Равнјак Станковиќ – Подпреседател на Словенечки центар, Скопје. Во претставата настапуваат децата од словенечката заедница во Македонија кои се членови на Словенечкиот центар, Скопје – ученици во дополнителната настава по словенечки јазик и култура во Скопје.
Оваа настава по словенечки јазик се одвива во Скопје, во организација на Министерството за образование на Словенија и Заводот за образование на Словенија.
Проектот е поддржан од Службата на Владата на Словенија за Словенците во соседството и по светот, а се реализира во соработка со интернационалното училиште „Даниле Кумар“ од Љубљана и Руле Турс, Скопје.