Детска изложба инспирирана од Хенри Мур во МСУ

Во Музејот на современата уметност во Скопје, денеска (29 мај, среда) во 13:00 часот  ќе се отвори изложба на дела од деца и млади насловена „Хенри Мур- инспирација“.

Имено, во организација на Одделот за едукација при НУ МСУ, во текот на еден месец се одржуваа едукативни работилници, во кои што ученици од повеќе средни училишта од градот, работеа инспирирани од делата кои ги видоа и доживееја на изложбата на светски познатиот уметник.

Резултат на нивната работа и креативност се осумдесетина дела изработени во повеќе техники – цртежи, графики и скулптури – мал формат изработени во глина и глинамол.
На изложбата со свои дела ќе се претстават ученици од неколку отсеци при ДСУПУ “ Лазар Личеноски” со професорите Лидија Вујисиќ, Катерина Таневска, Ангел Нацевски и Венко Цветков, како и ученици од СУГС “Раде Јовчевски Корчагин” со професорот Сашо Саздовски, СУГС “Арсени Јовков” и СУСГ “ Марија Кири Склодовска” со професорката Сашка Андреевска Говорко како и  нтернационално средно училиште со професорката Дијана Томиќ Радевска.
Посебна работилница беше организирана за деца на возраст од 3,5 до 11 год. во рамките на која имаа можност да добијат стручен совет и помош од Илиана Петрушевска, академски сликар. На своите деца во изработка на делата им се придружија и нивните родители, што е доказ дека Хенри Мур е уметник кој го доживуваат сите генерации.
Овој проект го водеа  Виолета Савевска – виш кустос и Ива Петрова

You May Also Like