По застој од две години поради пропаѓањето на договорот со сплитски “Конструктор“, вчера (среда, 31 октомври, 2012) на Плаошник официјално започна изградбата на универзитетски комплекс.
Охридската „Митан пром“ и битолската “МЗТ инжинеринг“ за 16 месеци треба да подигнат 3 објекти западно од црквата, а за останатите ќе се распишува нов тендер. Проектот Охрид 2014-та ќе чини околу 24 милони евра бидејќи се работи за еден од најголемите проекти во Македонија од областа на културното наследство.
Дел од градбите ќе бидат надвор од комплексот, а за да не се оштетат куќите на жителите во стариот дел на Охрид, ќе се користи патот под бедемите на Самоиловата тврдина.