Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (петок, 7.2.2014 година) ќе престојува во работна посета на Крушево каде во 10 часот ќе оствари средба со градоначалникот Ѓорѓи Дамчески, како и со директорите на институциите од областа на културата во овој град.
Во рамките на посетата, Канческа–Милевска, ќе ги посети: „Спомен-домот на Тодор Проески“, галеријата „Никола Мартиноски“ и музејот – „Леарница“.
Канческа-Милевска ќе ја посети и куќата на семејството Важаровски на ул. Коча Милену бр. 14, која е еден од најрепрезентативните станбени објекти во Крушево, на која целосно е извршена реконструкција на фасадата и на покривот.