Во фоајето на спомен домот АСНОМ во Делчево, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово, е отворена традиционалната Велигденска изложба.
Организатор на изложбата е Локалната самоуправа, а во неа учествуваат општинските основни училишта „Св. Климент Огридски„ и „Ванчо Прке“, гимназијата „Методи Митевски – Брицо“, детската градинка „Весели цветови“, матичната библиотека „Илинден“ и Здружението на роднокрајни автори „Пијанечки глас“.
Изложени се украсени велигденски јајца, цртежи, слики, книги и други експонати. Велигденската изложба годинава се организира по седми пат и е со продажен карактер, а собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Изложбата ја отвори градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански, кој на учесниците,посетителите и на граѓаните им ги честиташе претстојните велигденски празници.