Утре, (недела 26.02.2012 година) со почеток во 11:00 часот на врвот на Водно во близина на Милениумскиот крст ќе се одржи ревијален натпревар во сноуборд во дисциплината Слоуп стајл (Slope Style). Натпреварот е во организација на Скијачката федерација на Македонија и Сноуборд клубот ПОЛАР, а генерален покровител на натпреварот е Град Скопје.
По завршувањето на натпреварот (во 14:00 часот) граданачалникот Коце Трајановски ќе ги подели медалите на тројцата најдобро пласирани во машка и женска конкуренција.