Вториот фестивалски ден (недела, 16 септември) на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ помина на највисоко рамниште. И покрај врнежливото време, салите се полни, а атмосферата е прекрасна.
Иако вчера во попладневните часови си замина една од главните гости на фестивалот, Катрин Денев, денот беше во знакот и на еден од омилените кинематографери на Михаел Ханеке, г-динот Христијан Бергер.
Тој вчера и денес има средби со новинари од повеќе земји а, како што велат од двете страни, комуникацијата е прекрасна. Бергер доаѓа по трет пат во Битола и како што може да се забележи очигледно ужива, а особено од пиететот кој му е дадено како добитник на Специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Покрај специјалите гости на кои им се оддадоа сите почести, во битолските кулоари, но и на социјалните мрежи се слуша уште едно име – Катерина Ивановска, која остави огромен впечаток со нејзината улога во филмот Трето полувреме. Нејзината појава ја шармира публиката на „Браќа Манаки“ и се покажа дека учеството во филмот е плодна промоција на оставрувањето.
Полека стивнуваат и бројните муабети кои се појавија околу т.н. бугарски новинари. Имено, Фестивалот, официјално потврдува дека директно преку Директорката имало најавени 15 новинари од Бугарија, кои со кратка порака се откажале од доаѓањето во очи на премиерата.
Фестивалските гости секојдневно пристигнуваат на Манаки.