Денеска (22 септември 2014, понеделник) на штандот пред Спомен куќата на Мајка Тереза во 12:00 ќе биде одбележан Меѓународниот ден на заболените од Хронична Миелоилна Леукемија ХМЛ – 22 Септември.
По тој повод дел од активностите се делење маички, флаери и разговор со граѓаните и конференција за печат.
Од ХМЛ Здружението во Македонија информираат: „Покрај наште членови поканети се и претставници на други слични Здруженија ,докторите од Клиниката за Хематологија, како и претставниците на Министерството и Фондот за здравство.
Оваа година Меѓународниот ден на ХМЛ 22/9 го одбелезуваме под мотото Заедно сме посилни.
Впрочем под тоа мото и успеавме да ја информираме македонската јавност за случувањата кај заболените од ХМЛ . Нашите заложби за обезбедување на адекватна терапија и достоинствен живот на заболените од ХМЛ продолжува“ – велат од Здружението.