По повод Божиќните празници, киното Cineplexx ќе го посвети претстојниот викенд на најмладите и нивните семејства. Oд 4-ти до 6-ти јануари, со почеток од 12:00 до 17:00 часот постителите на киното ќе можат да уживаат во празничната понуда.
Во рамки на семејниот викенд филмските љубители ќе можат да ги погледнат новите неделни филмови, акциониот „Џек Ричер“ и хоророт „Тексашки масакр со моторна пила 3D“. За најмладите ќе бидат прикажани и актуелните наслови за деца „Ѕвончица и тајната на крилјата 3D“, „Хотел Трансилванија“, „Храбрата Мерида 3D“, „Растури ги Ралф 3D“, и „Пет легенди 3D“.
Во периодот од 12:00 до 17: 00 часот, децата ќе се забавуваат во холот на киното со разновидната програма и ќе се дружат со маскотите. Тие ќе можат да ги проследат згодите и незгодите на кловнот кој ќе ги насмее најмладите. Децата ќе добијат и цртежи на лице од дизниевата принцеза.
За време на викендот ќе бидат присутни и маскотите Пуканка (Cineplexx), Зајакот (Nesquik) и Мечето (Haribo) кои активно ќе ги анимираат посетителите и ќе се фотографираат со нив.
Нестлé Адриатик заедно со Nesquik ќе им овозможи на дечињата да се внурнат во светот на задоволствата со своето чоколадно млеко. Тие ќе можат да ja вкусат својата омилена напивка за време на посетата. Присутни ќе бидат и Haribo гумените бомбони кои бесплатно ќе бидат поделени на секое дете со купен кино билет. За да го разбудиме и натпреварувачкиот дух на децата и нивните родители, во соработка со PlayStation ќе биде поставен стенд со играта Sport Champions 2, преку којаќе може да се симулира натпреварување со скијање и тенис.
Во текот на овие денови посетителите ќе можат и да го купат семејното мени по намалени цени.
Киното во недела ќе работи со скратено работно време до 18:30 часот. Во останатите денови и за време на училишниот распуст Cineplexx ќе работи и во попладневните часови како и за викендите.