Започнува ликовната колонија „Скопје 2011“

Mакедонските уметници: Денис Тенев, Невзат Бејтула – Кица, Ставре Димитров – Стадим, Наташа Милованчев и Росица Лазеска, ќе учествуваат на шестата ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СКОПЈЕ 2011“, што традиционално секоја година во овој период од летото, се одржува во Хотелот Арка, во Старата скопска чаршија.

Македонските уметници ќе бидат домаќини и ќе творат заедно со уште пет ликовни уметници од странство: Милош Поповиќ -Мики (Црна Гора), Јустина Смиетановска – Гeк (Германија), Брунилда Мумајеси (Албанија), Ибрахим Газала (Египет) и Сузана Серандер од Шведска.

Уметниците веднаш по пристигнувањето утре (петок, 19 август 2011 година), па се до 29 овој месец, ќе творат инспирирани од градот Скопје и од амбиентот на локациите што ќе ги посетат овие десеттина дена.

На 26 август, во Хотелот Арка, во присуство на гости од ликовната фела, директорката на Музејот на град Скопје, Љубица Кондијанова и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ќе бидат презентирани делата од авторите, учесници на колонијата.

You May Also Like