Премиера на „Исти на различен начин“ во Кавадарци

Синоќа (понеделник, 17 септември) во Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци, премиерно беше изведена претставата „Исти на различен начин“ од Венко Андоновски, во режија на Наташа Поплавска.

Во „Исти на различен начин“ играат: Сашко Коцев, Нина Деан, Бесфорт Идризи, Зиба Радончиќ, Емран Куртишова. Проектот прикажува различни видови на дискриминација и тоа врз национална основа, сексуална или политичка определба, родова дискриминација и слично.

Претставата е под покровителство на Народниот правобранител на Република Македонија и Министерството за култура.

You May Also Like