Млади графити уметници од Скопје денеска (четврток, 24 јули) од 16 до 17 ч. пред влезот на Трговскиот Центар City Mall ќе осмислуваат графити инспирирани од филмот “Планета на мајмуните – Револуција”.
Во акцијата може да се вклучат случајни минувачи и посетители и тие ќе имаат можност да видат во живо како изгледа создавањето улична уметност, да научат некои „мали“ трикови околу сликањето на урбани површини и сами да се испробаат во создавањето графити.
Во сликањето ќе учествуваат познатите графити уметници ХРОМ и МИКС. Графити уметниците ќе се потрудат ликовите од филмот “Планета на мајмуните: Револуција” да ги доловат на за нив својствен начин, користејќи најразлични техники и материјали. Во текот на првиот викенд од прикажувањето во Америка филмот „Планета на мајмините: Револуција“ веќе заработи 73 милиони долари.
Според предвидувањата студиото “20th Century Fox” наредниот викенд, благодарение на филмовите „Планета на мајмуните: Револуција“, „Икс-мен: денови на идното минато“, “Ѕвездите се виновни”, прво ќе достигне заработка од неверојатни милијарда долари на кино-благајните во Америка и на тој начин ќе постави нов рекорд во заработка меѓу најголемите холивудски студија. (Hollywoodreporter)
„Планета на мајмуните: Револуција“ е на редовен репертоар во киното Cineplexx од 17 јули .
Настанот е во организација на дистрибутерската куќа МЦФ МКД и киното Cineplexx.