Дарен Емерсон, ПМГ и Дубиоза колектив на Аква парк фестивал

Аква Парк Фестивал своето второ издание ќе го има на 28. и 29. август во Пробиштип.

aqua_park_festival_2014_plakat

Кон листата изведувачи чии настапи ќе го одбележат вториот ден на Аква Парк Фестивал (петок, 29 август), се придружуваат, вистинскиот пионер на електронската сцена и поранешен член на славните „Андерворлд“ (Underworld) – ДАРЕН ЕМЕРСОН (DARREN EMERSON) и ЏОН ДИГВИД (JOHN DIGWEED) – еден од најреспектираните светски диџеи кој со децении е синоним за квалитет, генијалност и интергитет на електронската сцена.

Првиот ден на Аква Парк Фестивал пак, покрај најавените денс великани Тимо Мас, Јорис Ворн и „Фанкермен“, во вечерната програма на главната бина го претставува и најголемото музичко име во регионот, бендот кој важи за машинерија на концертната забава, но и многу повеќе од тоа – „ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ“. Но и тоа не е сè! Оваа фестивалска вечер ќе ги пречека и урбаните чувари на автентината сонична линија „ПМГ КОЛЕКТИВ“ кои го претставуваат модерниот звук на Скопје. Ним во четврток, на 28ми август во Пробиштип им се придружуват уште и оригиналните битолчани „ПАРКЕТИ“ и младиот, но моќен хип хоп колектив од Струмица, „ДИВИЗИЈА“.

Во петок, 29. август, покрај веќе најавените групи „Дисциплина Кичме“, „Бед Копи“, „Хардфејсд“, „Елементал“, како и диџеј двоецот „Прок&Фитч“, на Аква Парк Фестивал доаѓа и ЏОН ДИГВИД. Во 2001 година Дигвид беше изгласан за број 1 диџеј на листата на популарниот „DJ magazine“ и ја освои масовната публика, но тој воедно го задржува и своето долго присуство во андерграунд денс културата. Од 1998 до 2008 година Дигвид постојано беше дел од листите на топ 10 најдобри диџеи, додека во 2010 година беше изгласан на 29то место на Топ 100 листата на „DJ Mag“. Џон Дигвид, предводникот и eден од највлијателните изведувачи на електронската сцена, на Аква Парк Фестивал пред македонските фанови на денс музиката ќе го претстави својот уникатен музички стил, кој е секогаш различно категоризиран како транс, хаус, прогресив и електроник, а сепак нема ниту една жанровска етикета која може точно да се примени за него. Дигвид одамна го има зацврстено своето име на страниците од историјата на денс музиката. Меѓу значајните моменти во неговата кариера се вбројуваат: првата вистинска диџеј микс компилација (“Renaissance”), да се биде првиот британски резидент диџеј во легендарниот клуб „Твило“ (Twilo) во Њујорк, неговата „Bedrock“ етикета која е глобален печат за продуцентски квалитет и генијалност, издавањето ремикси за артисти како „Њу Ордер“ (New Order), „Еволушн“ (Evolution), „Сатоши Томи“ (Satoshi Tomiie), „Д Орб“ (The Orb), „Андерворлд“ (Underworld), Дени Тенаглиа (Danny Tenaglia), како и турнеите со Дејвид Боуви (David Bowie) и „Моби“ (Moby). Неговото „Transitions“ радио шоу пак со години е едно од најуспешните во денс музика, кое се пренесува во 45 земји ширум светот, а со повеќе од 14 милиони слушатели неделно веќе има култен статус кај публиката.

Истата вечер сцената на Аква Парк Фестивал ќе ја пречека и големата ѕвезда на светската денс сцена ДАРЕН ЕМЕРСОН. Ако некој на само 14 години го оствари својот прв диџеј сет, а на 16 години веќе интензивно настапува во клубовите, тогаш таа личност е на вистинскиот пат да оствари и значаен успех во светски размери. Токму тоа се случи и со младиот англичанец, а пресвртниот момент во кариерата на Дарен Емерсон се случи кога кон крајот на ’80 години ги запозна Карл Хајд и Рик Смит. Во тогаш оформеното трио „Андерворлд“, Дарен беше главниот продуцент. Во следните десет години тие снимија три албуми кои се продадоа во повеќе од милион примероци, нумерите „Cowgirl“, „Rez“ и „Dark and Long“ се вброија во редот денс класици, додека „Born Slippy“, која беше употребена и во култниот филм „Треинспотинг“, е една од најзначајните нумери на деведесеттите години. Од 2000 година, Дарен се посветува на самостојната диџеј кариера. Продолжи со објавување на сопствената музика но и на други артисти за неговата „Underwater“ ети

You May Also Like