Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска (среда, 22 мај 2013 година) оствари средба со делегација од збратимениот град Талин, Естонија.
Делегацијата од Талин, која беше предводена од претседателот на Советот на Градот Талин, Томас Витсут, беше составена од единаесет членови, кои истовремено се членови на Советодавниот одбор за развој на градот Талин – „Визионс“. Членовите на овој одбор работат и даваат продуктивни идеи и интересни визии за развојот на градот Талин. Во рамките на нивните активности, тие организираат студиски посети на градови, а годинава го посетија Скопје.
Претседателката на Советот, Мишева им посака срдечно добредојде и пријатен престој во Скопје, како и топла препорака да одвојат време за да се запознааат со многубројните убавини и културно-историски знаменитости на Градот.
На средбата беа разменети искустува за работата и улогата на Советите на двата града, а беше разговарано и за многубројни теми од заеднички интерес од областа на децентрализацијата, економијата, културата, образованието, миграцијата, како и за идните визии за развој на градовите.
Томас Витсут, во името на делегацијата од Талин изрази голема благодарност за срдечниот прием и големо задоволство од нивната посета на Скопје.
На крајот од средбата, Мишева и Витсут се заложија за натамошно продлабочување и јакнење на соработката меѓу збратимените градови во насока на изнаоѓање поефикасни решенија за проблемите и прашањата кои се однесуваат на подобрување на животот на граѓаните на двата града.