Како се одразува гледањето на ТВ кај децата

Иако BBC е телевизиска куќа, тие не ги повикуваат децата да ја гледаат нивната програма, особено најмалите. Во оваа статија  ‘Long-term” harm of too much TV for toddlers ,се вели дека, децата кои седат прекумерно пред ТВ екраните, имаат лош успех на училиште, недостиг од концентрација…

Освен слабите оценки, стручњаците гледаат тесна врска, помеѓу гледањето телевизија и сколноста кон нездрава исхрана и прекумерна дебелина во детската возраст. Тие предлагаат сериозен пристап, внимание и контрола на здравјето на децата, со ограничување на времето за гледање ТВ…на кратко, но квалитетно.

Негативни разултати во таа насока, се наброени и во книгата на Џејн Нелсон, Positive Discipline. Дел од фактите се однесуваат на американскаите деца, но сметаме дека и ние, не изостануваме многу зад нив.

-Во просек, едно американско семејство, дома има по 2 ТВ приемника.

-Во просек, американските деца и млади, гледаат ТВ по 21 час, неделно.

-Фирмите трошат по 1.5 билиони долари секоја година, само во УСА, на реклами за детски производи.

-Телевизорот кој е вклучен додека детето учи, му смета во впивањето на информации.

-Колку повеќе децата седат пред ТВ, толку помалку време имаат за игра надвор, за фантазија, за градење социјални контакти и др. способности…

-Употребата на игри со насилство во детска возраст е тесно поврзано со агресивно однесување кај младите.

Некои родители го вклучиле гледањето на ТВ, во вечерните часови, како дел од ритуалот за добар сон, без да бидат свесни дека така го рушат моделот за сон, кај детето…

Затоа, кога видиме реклами со слатки или некој друг убаво спакуван продукт за деца, кој не кани да го купиме, зошто е многу корисен и здрав за нашите деца… подобро да погледнеме на него со сомнеж и да не дозволиме да стане влијателен за нашето дете.

Л.Ѓ.

You May Also Like