Kнижевно слово на Венко Андоновски во Софија

Настапот и словото на проф.др Венко Андоновски на Факултетот за словенски фолологии на Софискиот Универзитет, заврши со големи аплаузи од присутните посетители.

Бројни професори и студенти, писатели, литературни критичари и почитувачи на големиот македонски писател, беа дел од претставувањето на книжевниот портрет на Венко Андоновски, на кое свое учество имаа проф.др.Панајот Караѓозов-декан на Факултетот за словенски филологии, Васко Шутаров-директор на КИЦ на Р.Македонија во Софија и театарскиот режисер Владлен Александров.

Фрагменти од “Папокот на светот” и “Бунтот во домот за старци” читаа актерите Албена Колева и Стојан Алексиев а во музичкиот дел од програмата настапи македонската харфистка Сара Костадиновска.

Венко Андоновски во своето обраќање се осврна на македонската и балканските литератури во рамките на современите литературни текови, зборувајќи низ сопствениот творечки опус за тенденциите, подемите и пробоите на литературите и на Р. Македонија и останатите балкански литератури.

Венко Андоновски имаше работна средба со колеги професори од Факултетот за словенски филологии, како и средби со големите бугарски писатели, Љубомир Левчев и Георги Господинов.

You May Also Like