ГЛОУ – камп за лидерство во Гевгелија

Овој вторник (6 мај), Волонтерскиот Центар Гевгелија организира информативен прием во врска со кампот за лидерство „ГЛОУ“ (девојките го водат светот).

gevgelija

Организаторите информираат: „Програмата на „ГЛОУ“ е конкурентска и достапна на сите девојки во Македонија кои зборуваат англиски. Се работи за осумдневен камп за лидерствo (2-9 август) кој има за цел да го развие внатрешниот потенцијал на младите девојки во Македонија со тоа што ќе им овозможи да стекнат знаење и вештини за да станат активни лидери во нивните заедници. Кампот го промовира познавањето на англискиот јазик, лидерството, тимската работа, успешно решавање на проблеми како и креативното изразување.

Во кампот се вклучени активности за уметничко изразување, волонтирање, животни определби, здравје, женски студии, граѓанско општество и јакнење на свеста за животната средина (ќе се именуваат неколку).

Минатата година, над 300 девојки се пријавија да присуствуваат на кампот, но само 80 од нив беа избрани. Ова е престижен камп. За време на женскиот камп, девојките ќе стекнат нови искуства и пријатели од цела Македонија, а дури и ќе имаат шанса да се сретнат со американскиот амбасадор во Македонија.

Волонтерскиот Центар Гевгелија ќе организира информативна средба за ова кампување во вторник на 6-ти мај во 18 часот во галеријата на хотел „Аполонија“ (учениците кои се втора смена може да дојдат после часовите). Оваа средба е отворена за сите средношколци од I-III година и родителите кои сакаат да слушнат нешто повеќе за оваа програма. Ќе имате можност да слушнете за искуствата на претходни учесници кампери, не само од камперите туку и од нивните родители низ дискусија, а ќе можете да погледнете и презентација во врска со очекувањата од кампот. Апликација може да пополните на самиот настан. Скот Џонсон, волонтер од Мировен Корпус, исто така ќе презентира за YMLP (Young Men’s Leadership Project) – Проект за лидерство кај млади момчиња. Кампот за момчиња ќе се одржи во јуни. Момчињата средношколци од I-III година се исто така поканети да присуствуваат на овој настан“.

You May Also Like