Прва самостојна изложба на “MIKA DESIGN”

Вечерта на 16-ти октомври дизајнерката Катерина Микрут во скопското кафуле Concept 37 ќе ја претстави својата најнова колекција „Knitted solutions”(плетени решенија).

mikka

Колекцијата содржи накит и модни додатоци инспирирани на една страна од традиционалните техники на рачно плетење, од друга од модерни форми и индустријал стил. Колекцијата е уште еден доказ дека плетењето донесува неограничени можности за креацијата.

Самата техника е присутна како решенија за современ накит и додатоци и покажува како со плетењето може да се редизајнира, рециклира на прв поглед неупотребливи предмети.

Препознатлива по своите плетки кои се застапени во досегашните нејзини колекции, оваа дизајнерка нуди производ кој има безвременски димензии.

А доколку сакате да научите да плетете, ова ви е одлична можност да си земете игли за плетење, бидејќи дизајнерката ќе дава совети за плетење за време на изложбата.

Александра Бела

You May Also Like