Глобална медитација за мир

Светската иницијатива за глобална медитација за мир е моќна иницијатива подржана од илјадници институции, невладини организации и индивидуалци.

 

globalna_meditacija_za_mir

Во Македонија иницијатори се невладините организации: Уметност на живеење Македонија, СУНА – Организација за промовирање на вредностите на обединетите нации и организацијата Арт Лајф од Скопје. Клучниот настан ќе се оджи на 21 септември 2014 (недела) во 19:30 часот во Баланс 9 во Скопје. 21 септември е всушност денот кој од Обединетите нации е прогласен за Светски ден на мирот.

Што е медитација ? Тоа е едноставна, природна ментална практика која ве релаксира, го ослободува стресот и ја зголемува енергијата. Ослободувајки се од стресот, напнатоста , заморот, а умот спонтано ќе ги искуси внатрешните позитивни квалитети како што се прифаќање, трпение, љубов, дарежливост, простување и емпатија. Но покрај се медитацијата е добра за здравјето, бидејќи научно е докажано дека стесот е фактор кој влијае врз влошувањето на психичкото и физичкото здравје. Надворешниот мир и хармонија зависат од внатрешниот мир и хармонија. Ганди еднаш рекол “Биди промената, која сакаш да ја видиш во општеството”. Ова може да се постигне со медитацијата но, и низ низа едноставни и ефикасни практики како што се вежбите и техниките за дишење.

You May Also Like