Во периодот од 18-24 септември во киното Cineplexx за прв пат ќе биде прикажана ФИЛМОМАНИЈА.
Во овие седум денови, филмските сладокусци ќе можат да уживаат во вкупно 14 филмски наслови, наградени филмови од светските филмски фестивали.
Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат филмските остварувања кои своите премиери ги имале на познатите филмски фестивали во Токио, Њујорк, Лондон, Венеција, Берлин и Кан.
Во програмата се и следниве филмови:
Ритамот на лудилото
„Ритамот на лудилото“ го следи младиот Ендру, бруцош што се обидува да стане најдобар тапанар во џез оркестар во земјата. Воден од престижниот, но многу проблематичен инструктор Флечер, Ендру е подготвен да направи сѐ што е потребно за да стане главен музичар.
Ние сме најдоброто
По критички фалените филмови како „Покажи ми љубов“, „Заедно“ и „Лилја засекогаш“, седмиот игран филм на режисерот Лукас Модисон „Ние сме најдоброто“ се врти околу Боб, Клара и Хедвиг, тројца млади аутсајдери во 1980-тите во Стокхолм кои и покрај своите различности наоѓаат заедништво во музиката и основаат панк група без да имаат никакви инструменти и иако сите ги убедуваат дека панкот е мртов.
„Господин Тарнер“
Филмот „Господин Тарнер“ ја истражува последната четвртина на големиот и ексецентричен британски сликар Џеј Ем Даблју Тарнер (1775 –1851).
Макондо
За едно 11-годишно момче, Рамазан има голема одговорност. Согласно традицијата на чеченското општество, сега е глава на куќата и мора да се грижи за мајката и двете помлади сестри.
Кога ќе се спушти ноќ над Букурешт
Среде снимањето нов филм, режисерот Пол се наоѓа во љубовна врска со Алина, една од споредните актерки. Како што наближува нејзиниот последен ден снимање, Пол решава да го смени сценариото во последен момент за да сними гола сцена со неа.
Рација 2
Откако во првиот дел успеа да излезе жив од зграда полна со гангстери и лудаци, полицаецот почетник Рама мисли дека ќе се врати на нормалниот живот…
Том на фарма
Момчето Том патува на село на погреб. Таму останува шокиран откако ќе сфати дека никој не знае кој е тој, ниту во каква врска бил со покојникот, а брат му наскоро почнува игра на опасни намери.
По ред на исчезнување
Нилс вози трактор и живее безгрижно во зимскиот рај, гратчето Бајтостолен. Меѓутоа, ненадејната смрт на син му го внесува во војна на дроги меѓу норвешката мафија и Србите. Во тој свет тој е само почетник – вооружен со јака машина и почетничка среќа
Облаците над Силс Марија
На врвот на својата меѓународна кариера, Марија Ендерс добива покана да игра во театарската претстава што ја прославила пред дваесет години. Меѓутоа, Марија тогаш ја играла Зигрид, привлечна млада жена што ја разоружува и конечно ја доведува до самоубиство постарата Хелена…
Григрис
И покрај парализирана нога што и најголеми оптимисти би фрлила во очај, 25-годишниот Григрис и натаму сонува еден ден да стане танчар.