Како дел од културната размена на збратимените градови, Нирнберг од Германија и Град Скопје, вечерва (недела, 11 септември 2011 година) со почеток во 20:00 часот, најголемата германска belly dance атракција „Енусах“ ќе настапи во Универзалната сала во Скопје.
„Енусах“, којашто е една од најстарите и најпознати танцови групи во Германија, составена од шест професионални танчарки, најавува екстравагантно 90 минутно шоу, коешто ќе претставува одлично освежување на културната понуда за сите љубители на ориенталниот танц и музика.
Билетите за belly dance перформансот се продаваат на касата на Универзална сала по цена од 150 денари.