Музеолозите на советување во Битола

Македонскиот национален комитет на ICOM (Меѓународен совет на музеите) утре во Битола, (понеделник, 12 септември 2011 година), со почеток во 11:30 часот, ќе организира Советување на следните теми:

•  Музеите и меморијата.
•  Иновативни пристапи во презентацијата на културното наследство.

Оваа година по предложените теми учество ќе земат музејски професионалци од Македонија и Хрватска. На темата “Иновативни пристапи во презентацијата на културното наследство” со свои излагања од Хрватска ќе настапат г-а Горанка Хорјан, директор на Регионалниот музеј Хрватско Загорје и член на Извршниот совет на ИЦОМ-Парис и м-р Бранка Шпрем Ловриќ, раководител на МХЗ-Музеј “Старо село” Кумровец.

Советувањето ќе се одржи во малата сала на НУ Завод и Музеј – Битола.

You May Also Like