Второ издание на „Светилка за Ханука“ на Османли

Kнигоиздателството „Икона“ го објави второто издание на збирката раскази и новели „Светилка за Ханука“ од Томислав Османли.

Второто издание на книгата излегува во деновите кога се заокружува 70-годишнината од депортацијата на македонските и во знак на сеќавање на холокаустот на Евреите од Европа,.

„Светулка за Ханука“  содржи драматични повести, сугестивни ликови и многубројни теми од животот, но и на страдањето на Евреите, како од Македонија, така и од различни места во поширокиот регион. Книгата има девет прозни целини од различна големина, слично на обредната светилка која се користи за Ханука, еврејскиот Празник на светлината.

За оваа книга авторот а доби наградата „Прозни мајстори“. Претходно, пак, книгата „Фотографијата на тетка Рашела“ стана добитник на првата награда на престижниот конкурс за расказ на МАНУ и на Фондацијата „11 март 1943“.

You May Also Like