Врачување на наградата „Дијалог“ на поетот Ристо Лазаров

Во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” денеска (вторник, 20 ноември) во 12:00 на поетот Ристо Лазаров ќе му биде врачена наградата “Дијалог” за 2012 година за стихозбирката “Ситночекорка”.


За творештвото на Ристо Лазаров ќе зборува академик Георги Старделов, а наградата на добитникот ќе му ја врачи Веле Смилевски, уредник во Здружението за уметност и култура на живеење “Дијалог” од Скопје. Стихови од наградената книга “Ситночекорка” ќе говори актерот Сенко Велинов.

Со објавувањето на “Ситночекорка” се одбележуваат 40 години од појавата на првата стихозбирка на Ристо Лазаров,“Ноќна птица во паркот” (1972).

You May Also Like