Во Штип денеска отворена изложбата „Накит 19 и 20 век“ во штипската Галерија Безистен …
Во штипската Галерија Безистен денеска е отворена изложбата „Накит 19 и 20 век“. Етнологот Бети Иванова вели дека ова е прва изложба на накит, која се наоѓа во етнолошкото депо на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип.
– Накитот кој е изложен според материјалот е сребро, бакар, имаме позлатување, а според техниката која што се изработувал имаме гранулирање, исчукување, лиење, така да има различни техники по кој што бил работен овој накит, вели Иванова.
Таа додава дека на изложбата можат да се виде и накит со монистра кој е изработуван од страна на вештите раце на девојките во 19 и 20 век, а кој служел и за украсување на народната носија.
Накитот кој е изложен во галеријата „Безистен“ во Штип е од штипскиот и источниот регион.