Во Скопје одржана дебата за велосипедите

Како дел од проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ – ФУПОЛ, отворена е дебата на тема „Користење на велосипедот како рекреативно и превозно средство во Скопје“.

Сите заинтересирани можат да оставаат коментари за тоа каква е состојбата со велосипедските патеки на булеварите и на магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје, дали се задоволни од нивната сегашна состојба, дали на некои од овие патеки има одредени препреки (паркирани автомобили, лошо поставени билборди и инсталации…), како и да дадат идеи и предлози на оваа тема.

Дополнително, граѓаните можат да се оставаат коментари и мислења и за процесот на изнајмување на велосипеди кој е организиран од страна на Град Скопје (јавно претпријатие “Градски паркинг” – Скопје), дали истиот ги исполнува очекувањата и дава позитивни резултати, дали има доволен број на пунктови за изнајмување на велосипеди, каде треба да се отворат дополнителни пунктови и слично.

Сите заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната мапа на следната интернет врска – https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/editableOpinions/3326901 .

Граѓаните можат да учествуваат и преку пополнувањето на прашалникот којшто е достапен на следната интернет врска – https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/questionnaires/3327101?22 .

Дополнително, сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје на социјалните мрежи фејсбук (www.facebook.com/pages/Град-Скопје-Официјален-профил/201845923194961),твитер (https://twitter.com/gradskopje1), како и на официјалниот блог профил на проектот ФУПОЛ во Скопје (http://fupolskopje.blogspot.com).

Проектот „Интелигентни алатки за креирање на политики“ е финансиран од Европската Унија, во рамките на ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги социјалните мрежи и анкетни листови проектот FUPOL ќе придонесе за подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните.

Резултатот од проектот е развивање алатки базирани на информатички технологии, односно софтвер кој ќе овозможи нов начин на комуникација меѓу политичарите, граѓаните и бизнис секторот. Софтверот кој е изработен овозможува автоматско собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така, овозможува и симулација на ефектите од донесување политики и закони и можност да им асистира на властите во целиот процес на донесување одлуки.

Сите добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени со специјалниот софтвер и истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето политики на Градот Скопје.

You May Also Like