Во Ресен промовирана книга од Славе Николовски Катин

Во ресенскиот Сарај вчера беше промовирана книгата „Светот на дланка“ на Славе Николовски Катин, која промоторот, професор Вера Стојчевска Антиќ, ја нарече „сага на импресии од четириесет земји“.

 

promocija_slave_nikolovski_katin_resen

Педесеттата книга на Катин, инаку роден во преспанското Љубојно, беше промовирана во Домот на културата „Драги Тозија“, сместен во Ресенскиот Сарај, каде авторот го започнал својот работен век.

Пред ресенската публика беа претставени и делата на брачниот пар Нада и Алексо Лозановски, кои живеат и творат во Торонто, Канада. И двајцата се Членови на друштвото на писателите на Македонија, долгогодишни учесници на Струшките вечери на поезијата, и едни од основачите на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во Торонто. Нада и Алексо, кои зад себе имаат бројни дела, како поетски, така и различни монографии и трудови посветени на Преспа и на Македонија, потекнуваат од преспанско, од селата Штрбово и Арвати.

You May Also Like