Седмото издание на фестивалот ќе понуди нов преглед на најновото и иновативното во полето на современиот танц и перформанс.
Седмото издание на фестивалот за современ танц и перформанс – Локомоушн ќе се одржи во периодот од 27 октомври до 1 ноември во Младинскиот културен центар, РИЦ центарот во Зебра и Менада.
Во досегашните шест изданија македонската публика имаше можност да проследи бројни имиња на реномирани автори и компании од Европа, регионот и Македонија, меѓу кои: Мартин Шик, Фуфа Д’Имобилите (Швајцарија), Франческо Скавета (Норвешка/Италија), команијата Во Потрага За Подобар… (Франција) Изабел Шад и Бруно Пошерон (Греманија/Франција), Бара Коленц, Јуриј Коњар, Горан Бодановски, Снежана Премуш и Примож Бежјак (Словенија), Далија Ачин (Србија), Искра Шукарова и Дејан Срхој (Македонија/Словенија), Александра Јанева Имфилд (Хрватска/Белгија), Швајцарската компанија Линга, Мод Лиардон (Швајцарија), Мартин Спамберг, Ингрид Когне, Џон Тајлендер, Ема Ким Хагдал, Маркус Доверуд (Шведска), Вили Прагер (Бугарија) и Соња Преград (Хрватска/Германија) и други. Студентите од Номад танц академија: Елија Мрак Блумберг (САД), Кире Миладиноски, Кире Ѓорески, Викторија Илиоска (Македонија), Жана Пенчева (Бугарија), Александар Георгиев (Македонија/Бугарија), Селин Ларер и Јана Јевтовиќ (Франција/Канада), Пјер Ив Дијакон (Швајцарија) и други.
Седмото издание на фестивалот ќе понуди нов преглед на најновото и иновативното во полето на современиот танц и перформанс.
Фестивалот ЛокоМоушн оваа година се одвива под многу тешки финансиски услови, кои го ограничуваат пристапот до ресурси, потреби и капацитети на фестивалот. Во вакви околности многу e тешко да се зборува за програмирање на концепт и планирање на фестивалски формат, туку повеќе како за програма и формат кои се во континуирана изградба (under – construction).
Во такви услови ние единствено сме во можност да обезбедиме одреден простор и да ги поканиме сите учесници, публиката и пријателите и да создадеме рамка за размислување и размена, која ќе овозможи нова соработка и воедување на нови економии на економска размена помеѓу уметниците, културните работници, публиката, споделување на знаење и вмрежување базирано на хетерогени инвестиции, интереси и пракси.
Скоро четириесетина гости, уметници, програмски уредници, куратори и патнери кои ќе бидат гости на овогодинешниот фестивал, каде сите заедно ќе се обидеме да гледаме, дискутираме, критички да ги согледаме условите во кои се создава современиот танц денес.
LocoMotion #7 се одржува оваа година поради солидарноста на сите уметници, културни работници, куратори и пријатели од Европа, Јапонија, Мексико и САД, вклучени во реализација на фестивалот кои ги донираа своето време, знаење и хонорари за негова реализација.
Донатори кои го поддржаа присуството и реализацијата на програмите на гостите на Локомоушн 7 се Trust for Mutual Understanding, администриран од Movement Research, САД, Гете Институт Скопје и CCI ARC grant; Во рамки на фестивалот се одвива и програмот Критичка пракса_made in Yu_ програмот во рамки на Life Long Burning проектот, и е поддржан од ЕУ фонд за култура и Град Скопје. Спонзори на фестивалот: Еуро Стандард Банка, Златна Книга и Вардар Градба.
Програмот оваа година се состои од интернационален програм во кој ќе можете да ги проследите претставите: РАЗГОВОР_ Судерман и Содерберг (Германија/Шведска), КИНЕТИЧКО ПРЕУРЕДУВАЊЕ_Милка Џорџевиќ (САД), САМО-СОЗДАДЕН ЧОВЕК, ЗЕМЈА СОЗДАДЕНА ОД ЧОВЕК од Урсула Игли (САД) и Коџи Сето (Јапонија), ДИНАМИК_Емили Свиниј (САД), P.O.CAJITA_ Мартин Ланц Ландазури (Мексико), ТЕЛОТО МОЖЕ ДА РЕЗОНИРА_Питер Скискиоли (САД), ДВИГАТЕЛ_Александра Јанева Имфилд (Хрватска/Белгија).
Македонската програма каде ќе се претстават со работа во процес: ШТО Е ПЕРФОРАНС, БЕ БАБЕ? Драгана Заревска (Македонија) и Александар Георгиев (Македонија/ Шведска), ТЕХНИКИ НА МАНИПУЛАЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕ/ КОРЕОГРАФСКИ АЛАТКИ КАКО СРЕДСТВА НА МАНИПУЛАЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕ/ Искра Шукарова (Македонија), ПРИЧИНА ЗА БОЛЕСТА_Климент Попоски (Македонија/ Австралија) и Викторија Илиоска (Македонија)
Во дискурзивниот програм кој се содржи од предавања, раговори, презентации, дискусии ќе може да се проследи: Предавање на Алдо Милохниќ: Изведувачките уметности и фикциската структура на законот, Пост – шоу разговор со изведувачите (за РАЗГОВОР): модерирано од Мариалена Маруда (Грција) , Презентација насловена КАФЕ РАЗГОВОР од Питер Мајлс (Шведска)/ презентирана од Александар Георгиев (Македонија), Презентација/игра: Како да направиш фестивал со 100 и 1милион евра/ Игра _концепт уреден од Ивана Васева и Биљана Тануровска Ќулавковски, Пост – шоу разговор со изведувачот Питер Скискиоли модерирано од Јасмина Заложник, Презентација на истражувачки резултати: РАЗМЕНА, СОРАБОТКА И ВКЛУЧУВАЊЕ УРБАНИ ПЕЈСАЖИ- Јапонија/Мексико/Македонија/САД , Презентација на АПАП – Проект за унапредување на изведувачките уметности.
Во оф програмата ќе се одржи импро_ музичка сесија со Коџи Сето (Јапонија) и Александар Пејовски (Македонија).