Денеска (вторник, 8 јули 2014) од 21:00 часот на плоштадот Александрија во Прилеп ќе се одржи концерт на кој ќе настапат две друштва од нашите иселеници од Австралија: КУД”Александар Македонски трети”, и “Илинден” како и КУД”Моминок” од Прилеп. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето, што традиционално го организира центарот за култура “Марко Цепенков”.
КУД”Александар Македонски трети” од Мелбурн кое постои повеќе години и го води Јане Мавчев, ќе се претстави со сплет на традиционални македонски патриотски ора.
Нашето друштво КУД”Моминок” ќе исполни дел од богатиот репертоар на македонски ора, додека КУД “Илинден” под раководство на Борче Ројковски ќе настапи со сплет ора од егејскиот дел.
Настапите на двете друштва на наши иселеници од Австралија е во рамките на турнеата на друштвата низ Македонија, поддржана од Агенцијата за иселеништво на Р.Македонија.
Во среда пак од 20: 00часот во рамките на Прилепското културно лето, ќе се одржи поетска вечер.