Денеска (вторник, 8 јули) на плоштадот Филип Втори во Скопје во 20:30 часот концерт ќе одржи „Неврокопскиот ансамбл“ од Бугарија. Концертот е во рамките на Скопско лето.
Основан во 1946 година, Ансамблот за народни песни и ора е прв од ваков вид во Бугарија. Исто така, ансамблот е познат и под името „Јане Сандански“ кое гордо го носи повеќе години. Исто така, познат е и како ансамбл на Неврокопскиот регион, според старото име на градот Гоце Делчев – Неврокоп.
Ансамблот бележи половина век творештво, во кое врши откривање, зачувување и репродукција на народните танци и традиции, фолклорот и етнографското богатство на Бугарија. Ансамблот има одржано над 4000 концерти пред повеќе од 3,6 милиони гледачи ширум светот.