На 9. јуни во МКЦ ќе гостува легендарниот бразилски метал бенд SEPULTURA. Како предгрупи ќе настапат локалните Holocaust и Skullcrush.
Ова е ретка можност за домашната публика да види еден од бендовите кој во раните 90ти години, заедно со уште неколку други бендови го обликуваше модерниот агресивен, брз и тежок металски звук. Со „еден тон“ дискографија позади своето име, се’ уште се водечка сила на свестката метал сцена.
Билетите се веќе во продажба на билетарата на МКЦ и кафе Браво, интересот за овој концерт е голем, а бројот на влезници во продажба е строго лимитиран.