Во Куманово отворена изложба за верските објекти

Изложбата „Арабеската на верските објекти во кумановско од 16 до 19 век“ од историчарот на уметност и советник во НУ Музеј Куманово,Славица Крстиќ беше отворена во Уметничката Галерија во Куманово. Изложбата опфаќа фотографии и цртежи, на фото постери и цртежи изработени со туш техника.

 

arabeska

– Изложбата ги преставува најкарактеристичните арабески во кумановскиот регион во период од 16 до 19 век, подеднакво застапени и на исламските и христијанските верски објекти. Најкарактеристични во регионот е Татар Синан-Бег Џамија и џамијата Коџа Мехмед Беј во Табановце од 16 век, како и црквите свети Ѓорѓи Победоносец во Младо Нагоричане, Свети Дух во Добрача, Свети Ѓорѓи во Жегљане и Свети Никола во Стрезовце, вели авторот Крстиќ. Во Македонија, арабеската е забалежителна во северозападните региони,особено во Кумановско,создадена во периодот од 16 до 19, како исклучителна појава, изразена во плиток релјеф на фасадите и геометриско-фреско декорација на внатрешноста на христијанските верски објетки. Изложбата во Уметничката Галерија ја отвори Снешка Лакалиска од Музејот на Град Скопје. – Содржината на оваа изложба е од особено значење и дава голем придонес во историјата на уметноста на Македонија, а нам ни нуди можност, взаемните декоративни влијанија во верското христијанско и исламско културно наследство создадено со векови да го проследиме во овој галериски простор, вели промоторот Лакалиска. Проектот е финансиран од Министертвото за култура.

You May Also Like