Во Гази Баба отворена канцеларија на Агенцијата за вработување

Во општина Гази Баба градоначалникот Тони Трајковски и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, ја отворија дисперзираната канцеларија на Агенцијата за вработување. Со отворањето на канцеларијата, на граѓаните на општината ќе им се овозможи полесно да дојдат до услугите на Агенцијата.

kancelarija_agencija_za_vrabotuvanje

 

Наша цел е да обезбедиме повеќе институции во кругот на општината, за да можат граѓаните кога доаѓаат, на исто место да можат да завршат повеќе работи, рече градоначалникот Трајковски.

Со отворањето на оваа канцеларија, целата комуникација со Агенцијата граѓаните ќе можат да ја обавуваат поблиску до нивните домови, а воедно и да ги користат сите услуги на Агенцијата, истакна директорот Поповски.

Канцеларијата се наоѓа во барака број 3, соба број 50 и ќе работи секој работен ден од 8:30 до 16:30 ч.

You May Also Like