Во Битола се снима „Долу од рајот“ на Саша Станишиќ

Пред 2 дена започна со снимање краткометражниот филм со работен наслов „Долу од рајот“ на младиот македонски режисер Саша Станишиќ по сценарио на Кристина Христова- Николова. Снимањето ќе трае уште 4 дена на повеќе локации во Битола.

dolu_od_rajot_set1

Ова е трет филм на режисерот Саша Станишиќ. Автор е на два краткометражни филмови „Мангава Диско Панк“ кој беше дел од омнибусот „Скопје Ремиксд“ и „Митот за Сара“.

Главните улоги ги играат Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова- Николова и Соња Ошавкова. Директор на фотографија е Горан Наумовски, сценограф Влатко Зафирковски, костимограф Бурим Муслиу.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, Националниот филмски центар во Бугарија и СЕЕ Синема Нетворкс.

dolu_od_rajot_set2

dolu_od_rajot3

You May Also Like