Влатко Стефанoвски, еден од најголемите македонски музичари на сите времиња во рамките на прославата 40 години на сцена, синоќа во Битола одржа концерт во амфитеатарот Хераклеа, во рамките на БИТ ФЕСТ 2014.
Битолската публика, но и оние кои дојдоа од други градови на Македонија уживаа со песните од сите 32 студиски албуми на Стефановски, вклучувајќи го и актуелниот „Сеир“.
Стефановски не е прв пат на Би фест, а публиката повторно громогласно го награди со аплауз најголемиот македонски музичар на сите времиња. Овој македонски виртуоз секогаш прави концерти за паметење, така беше синоќа и на Хераклеа.
Стефановски со својот бенд заедно со публиката ја испеаа антологиската песна „Чукни во дрво“.
По концертот во Битола, Стефановски заедно со Мирослав Тадиќ ќе настапи и во Куршумли Ан во Скопје.