Бизнис лига во фудбал

 Спортскиот центар Форца ги објави детаљите за новата сезона за Форца бизнис лигата во фудбал.

biznis_liga_fudbal

 

Менаџментот најавува дополнувања, измени и подобрувања на комплетниот систем на натпреварување, со цел подолго и поинтересно натпревањарување кое би го добиле учесниците.

„Оваа година имаме желба да го промениме комплетното натпреварување и лигата да трае две полусезони, со што би се добил простор да се зголеми бројот на натпреварувачи, како и бројот на натпревари кои ќе се играат. Ова е можност за сите компании да уживаат подолго во фудбалското доживување, но и за сите љубители на ваквите натпреварувања да ги бодрат компаниите во кои работат. Наградите ќе бидат дополнителниот мотив за учеството на екипите и нивното натпреварување.“ – изјави Димитар Делевски, спортски директор на СЦ Форца

Натпреварите ќе се играат во класичен лига систем и тоа секој тим ќе изигра два пати со секого во текот на лигата,односно еднаш во есенскиот и еднаш во пролетниот дел, а секој тим се очекува да одигра најмалку 26 натпревари.

Инаку ова е единствениот спортски настан во Македонија кој им помага на македонските компании во: Рекреирање и унапредување на здравјето на вработените, градењето на тимскиот дух и неформалното дружење на вработените, Оваа година се очекува да се натпреваруваат од 10 – 20 екипи, Натпреварите во лигата ќе се одржуваат секој втор викенд во текот на целата година во месеците,поточно од 15.09.2014 до 15.12.2014 и од 15.01.2015 до 15.05.2015.

You May Also Like