Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја организираат турата “Недела на авантури” (AdventureWeek) која ќе се одвива од 31-ви август до 4-ти септември. Турата е организирана за група од 20 интернационални туроператори и медиуми, меѓу кои и National Geographic Traveler, Lonely Planet и Yahoo Travel.
Денеска (31-ви август) во 17:00 групата ќе премине од Албанија во Македонија на граничниот премин Св. Наум, каде што ќе бидат пречекани од Кристијан Џамбазовски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. По преминувањето на границата групата и директорот Џамбазовски ќе патува на велосипеди до манастирот Св. Наум, а во 20:00 ќе присуствуваат на вечера за добредојде во ресторанот Острово.
“Неделата на авантури” е наменета за директна промоција на Македонија како дестинација за активен туризам пред највлијателните туроператори и медиуми од Северна Америка и Европа, со цел зголемување на бројот на странските туристи во земјата. Туроператорите ќе воспостават врски со бизнисите од секторот туризам во земјата за во иднина да можат да продаваат патувања до Македонија.
Турата на Македонија е дел од поширока тура на западниот Балкан, наречена AdventureWeek Western Balkans, која вклучува патувања низ Косово и Албанија