The Hounds, The Backdoor Band, Fusion на Каменичко Културно Лето 2014

Покрај Жељко Јоксимовиќ, српскиот бенд МВП и босанскиот Х-Фактор Маид Хечимовиќ, на годинашново шесто по ред Каменичко Културно Лето ќе настапат и низа македонски бендови.

kamenicko_kulturno_leto

Веќе се потврдени настапите на локалниот каменички бенд Fusion и на охридскиот The Backdoor band кои ќе настапат на 27-ми Август. Прилепчаните The Hounds, пак, ќе ја загреваат атмосферата пред концертот на Жељко Јоксимовиќ, на 28-ми Август.

– Каменичко Културно Лето, годинава, на посетителите ќе им понуди различни музички содржини. Покрај концертот на класична музика на триото Four Strings, на 25-ти Август, наши гости ќе бидат и фолклорни ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија,а фолклорната вечер ќе се оддржи на 26-ти Август. Покрај веќе потврдените бендови и изведувачи, работиме на дополнително збогатување на програмата и подготвуваме уште неколку изненадувања за публиката. Околу организацијата на манифестацијата помагаат сите локални фирми и претпријатија и подготвени сме да пречекаме повеќе од 20 000 гости од цела Македонија. – изјави Васко Десподовски, Директор на Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица.
Манифестацијата е во организација на Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар “Романса”, а генерален покровител е Рудникот “Саса”. Дел од настаните се поддржани и од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like