Фотографот Рафиз Фера добитник на наградата “Intercultural Photo Award”

Рафиз Фера, апсолвент на одделот за графички дизајн на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет во Скопје е еден од петте првонаградени учесници на меѓународниот натпреварот за фотографија “Интеркултурни средби”.

hole_rafiz_fera

За наградената фотографија со наслов “Hole in the City Wall” авторот Фера кажува “Скопје е место кое обединува различни култури и религии од минатото и сегашноста кои комуницираат меѓусебно низ просторот и низ времето. Ова е фотографија која прикажува градски пејзаж виден преку пушкарница на средновековена тврдина. На фотографијата се гледа Саат-кулата изградена во 16 век со часовник кој бил изработен во Унгарија и џамија од времето на Отоманската империја испреплетени со современата архитектура. Тоа е мал исечок од градскиот пејсаж кој со помош на симболи од минатото, ја раскажува приказната за интеркултурните средби во мојот град денес”

Рафиз Фера е млад дизајнер кој живее и работи во Скопје, покрај графичкиот дизајн, активно се занимава со фотографија.

Натпреварот за фотографија насловен “Интеркултурни средби” ја претставува најновата иницијатива на работната група “Dialogue of Cultures” основана во 2007 од Австриското министерство FMeiA (Austrian Foreign Ministry) и има за цел да ги долови импресиите и искуствара во полето на интеркултурниот дијалогот во форма на слики преку различната интерпретацијата, разбирање и пристап на фотографите. Централен аспект има патувањето, кое претставува импресивна алатка за пристапување и истражување на различните култури и религии.

На натпреварот пристигнале 189 фотографии од учесници од различни земји во светот. Од селекцијата на 35 најимпресивни фотографии, петчленото жири наградата “Intercultural Photo Award” ја додели на најдобрите пет, Рафиз Фера, Joel Lukhovi, Dusana Baltic, Teresa Belkow и Merike Boysen. Нивните фотографии се дел од изложбата која ќе биде прикажана на различни места во светот.

На факултетот за Арт и дизајн на Европскиот универзитет, студентите предметот Фотографија го изучуваат во трета година од студиите кај Доцент м-р Маја Кировска, и на повикот за натпреварот учествуваа организирано по известувањето од Амбасадата на Република Австрија, кое универзитетот го доби со посредство на Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like