Чалгија саунд систем одржаa предвелигденски концерт во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид.
Од Центарот известуваат „Во пријатна атмосфера беа изведени македонските староградски песни кои прозвучија автентично и елегично преку гласот на вокалистот Добрила Грашоска.Публиката не го штедеше аплаузот.
Овој концерт е дел од програмата на НУ Центар за култура, Григор Прличев за 2014 година поддржан од министсерството за култура“.
До крајот на годината предвидени се гостувања и на Драган Даутоски и група Монистра.