Сезоната 2014/2015 на „Бољшој во кино“ ќе и овозможи на македонската публиката да ги открие досега неоткриените седум балети, вклучувајќи и неколку од најпознатите ремек-дела во историјата на класичниот балет.
На 26 октомври (недела) со почеток во 16:00 часот во Синеплекс официјално започнува сезоната на директни преноси на најдобрата балетска продукциска куќа, московскиот Бољшој. Љубителите на балетот ќе можат да уживаат во првиот балет од оваа сезона „Легенда за љубовта“.