Маџиров во Куќата на писателите во Грац

Еден од најдобрите македонски поети, Никола Маџиров во текот на месец август како автор-гостин ќе престојува во Куќата на писателите во Грац, Австрија.

Маџиров е добитник на австриска литературна стпендија, а во текот нa престојот ќе учествува на меѓународното читање наречено „Мал туѓинец“ заедно со автори од Конго, Турција и Србија. Тој ќе чита на македонски, а неговите песни ќе бидат преведени и на германски јазик.

Читањето е во рамките на еден од најзначајните австриски музичко-поетски настани, Меѓународниот фестивал за современи музички стилови и култура „Муртон“, на кој годинава настапуваат и норвешкиот пијанист Буге Веселтофт познат по соработките со Јан Гарбарек, Џон Скофилд, Били Кобам и други светски џез имиња, францускиот трубач од швајцарско потекло Ерик Трифо.

You May Also Like